Connect with us

Спектакл во Штип за реми, победи за Шкупи, Ренова и за Македонија ЃП

Брегалница и Шкендија одиграа одличен натпревар на Градскиот стадион во Штип. Акраповиќ направи промени, го изостави Алими од тимот, а Бесарт Ибраими остана на клупата за резерви. На крајот, по многу пресврти, реми во Штип (3-3).


Штипјани поведоа со голот на Марјан Алтипармаковски во 12.минута, но Азиновиќ си постигна автогол во 59.минута. Само три минути подоцна Мартин Стојанов повторно донесе предост за Брегалница, а израмни Бесарт Ибраими во 81.минута. Во 89.минута беше досуден пенал за Шкендија, а го реализираше Љупчо Дориев. Сепак, и тоа не беше крај на возбудувањата затоа што Владимир Дујовски во 92.минута донесе бод за Брегалница.


Шкупи експресно стигна до победа (0-2) под „Тумбе кафе“. Марјан Радески го отвори резултатот уште во првата минута, а пет минути подоцна Пелистер си постигна комичен автогол. Одбраната на домаќинот во обид да интервенира делуваше смешно. Топката го погоди Алпај и отседна во мрежата. Иако Шкупи остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Фреди Алварез во 29.минута, сепак, победата на тимот од Чаир не беше доведена во прашање.


Работнички и Струга Трим Лум на арената „Тодор Проески“ ремизираа без голови. Двете екипи одиграа борбен меч, но мрежите на крајот мируваа. Затоа пак имаше голеада во Ѓорче.


Македонија ЃП беше убедлива против Скопје (5-1) во Ѓорче Петров. „Лавовите“ брзо поведоа со 2-0, Адем отвори од пенал, Лазаревиќ погоди за 2-0, а Скопје намали преку Бенјамин Демир во 33.минута. Но, во вториот дел на сцена стапи Јован Попзлатанов, потоа повторно погоди и Адем, а серијата ја затвори Лемос.


Ренова со 2-0 го совлада Борец. Ремзифаик Селмани донесе водство за домаќинот уште во петтата минута, а „гипсарите“ во финишот го потврдија триумфот преку Ајрулаху во 84.минута.

Академија Пандев е пропласиран тим на табелата откако славеше со 0-2 на гости кај Тиквеш во Кавадарци. Мартин Мирчевски е во фокусот, постигна гол и против Тиквеш и донесе водство во 44.минута. На почетокот на вториот дел, Коста Манев зголеми на 0-2 и го скрши отпорот на противникот.

ПРВА ЛИГА, ТРЕТО КОЛО – РЕЗУЛТАТИ


БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 3-3


ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-2


РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0-0


РЕНОВА – БОРЕЦ 2-0


ТИКВЕШ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-2


МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 5-1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови