Connect with us

Спалети: Не смееме да станеме арогантни поради предноста на врвот

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, ги предупреди своите играчи да не бидат арогантни бидејќи тоа би можело да има лоши последици за тимот. Наполи има огромна предност на врвот на табелата, но шампионската титула сѐ уште не е освоена.


Тој зборуваше пред натпреварот против неговиот поранешен клуб Емполи.

„Знам дека ви е тешко да разберете дека ова ќе биде тежок натпревар, но не смееме да ја направиме таа грешка. Сакаме да оствариме победа за нашиот град. Не можеме да правиме грешки. Еуфоријата не смее да доведе до ароганција, која ќе стави крај на нашиот развој. Таму почнав и благодарен сум на Емполи. Седум години како играч и тренер, плус 20 како поддржувач“, изјави Спалети.

Стратегот откри дека им дал еден ден одмор на играчите по победата над Ајнтрахт во Лигата на шампионите.

„Не сакаме да натрупаме дополнителен замор. Сите се здрави и нема да ми биде лесно да направам избор бидејќи имаме многу квалитетни играчи“, истакна Спалети.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови