
Наполи го победи Лестер со 3-2 и го освои второто место во групата во Лига Европа продолжувајќи со настапите во второто по квалитет европско натпреварување. На овој меч блескаше македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас кој постигна два гола.
Новинарите го прашаа Елмас на која позиција се снаоѓа најдобро, а тој ги упати кон шефот Лучијано Спалети. А шефот, полн со пофалби за игрите на Македонецот.
„Тој е едно прекрасно момче, а како фудбалер е вистински благодет затоа што може да игра буквално на било која позиција. И, кога сте во неволја, тогаш го ставате во игра Елмас и тој секогаш ќе придонесе многу за тимот. Елмас оваа сезона одигра 29 натпревари, и каде и да е потребен на теренот, тој секогаш ќе ви го донесе тоа што ви е потребно“, изјави Спалети.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
