
Поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети, најверојатно ќе биде нов селектор на Италија. Според италијанските медиуми, тој веќе дал согласност и официјално ќе биде промовиран в среда на 16 август.
Италијанската фудбалска федерација имаше разговори со него и Антонио Конте, но се реши за Спалети. Манчини во неделата објави деја се повлекува по пет години на кормилото, во кои ги предводеше „аѕурите“ до европската титула.
На социјалните мрежи селекторот рече дека тоа е „лична одлука“, но медиумите во Италија открија дека стратегот добил примамлива понуда од Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ подобра од Работнички

Прва лига
Талески: Брера не смееме да ја потцениме

Евро-фудбал
Тотенхем тргнува по Морган Роџерс
