
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, се обиде да го тргне притисокот од своите играчи пред утрешниот дуел со Лацио, велејќи дека во фудбалот ништо не треба да се случува по секоја цена. За стратегот поважно е да изгради долгорочен проект и стил со кој ќе доминира повеќе од една сезона.
„Очигледно е дека ‘скудетото’ е целта, но има и други работи кои се важни. Јас не сум од оние луѓе кои сакаат да победуваат по секоја цена, а потоа да не успеат следната година. Сакам да соработувам со тимот, обидувајќи се да создадам рамка, која ќе ми овозможи да одам чекор по чекор и да постигнувам големи цели“, вели Спалети.
„Го трошам целото мое време градејќи што треба да направиме на теренот и на крајот од сезоната ќе видиме колку сме пред нашите противници. Досега играчите прават извонредни работи и заслужуваат да бидат пофалени. Не се работи само за натпревари или резултати, туку за покажаниот стил на игра со кој сме горди“, потенцира стратегот на Наполи.
„Наполитанците“ се убедливи лидери во Серија А и нема кој да ги спречи да ја освојат титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
