
Наполи оствари многу важна победа на гости против Аталанта (1-2) и го чува врвот на табелата во Серија А. Победничкиот гол го постигна македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Интересна изјава даде тренерот Лучијано Спалети. Тој истакна дека Елмас на стартот од сезоната бил „казнет“ со мала минутажа затоа што така и тренирал, но дека сега влегува во препознатливата форма.
„Елмас беше казнет на стартот на сезоната, играше малку со оглед дека така покажуваше и се залагаше на тренинзите. Сега беше многу добар, донесе квалитет и сакам да му честитам. Најважен е тимот. Многу ми е мило што покажавме дека можеме да победиме и без Кварацкелија. Некои велеа дека без него Наполи не може да победи“, искоментира Спалети по триумфот во Бергамо.
Наполи е првопласиран на табелата во Серија А со 35 бода, шест повеќе од Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените

Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за Хетафе?
