Лучијано Спалети нема веќе да биде селектор на италијанската репрезентација. Веста ја потврди самиот стратег на денешната прес-конференција, во пресрет на утрешниот дуел со Молдавија, кој ќе биде негов последен натпревар на клупата на „аѕурите“.
Причината е шокантниот пораз од Норвешка (0-3) на отворањето на квалификациите за Светското првенство – резултат кој сериозно ги наруши амбициите на Италија и ја поколеба довербата во проектот на Спалети.
„Претседателот на федерацијата, Гравина, ме извести дека по натпреварот со Молдавија ќе бидам ослободен од должноста. Жал ми е, сакав да останам и да се обидам да ги поправам работите. Имавме коректен однос, но ги прифаќам последиците од негативните резултати,“ изјави Спалети на базата во Коверчано.
Иако се надеваше дека ќе добие време за да го стабилизира тимот, искусниот тренер вели дека со почит ја прифаќа одлуката на федерацијата.
„Утрешниот меч мора да го добиеме – не само за бодови, туку за да го отвориме патот за новата генерација. Боли што не успеав да го извадам максимумот од оваа селекција. Разочаран сум и од себе“, додаде видно емотивниот Спалети, кој ја напушти прес-конференцијата со зборовите: „Не се чувствувам изневерен. Зошто би се чувствувал така?“
Спалети ја презеде репрезентацијата во ноември 2023 година, по ненадејното заминување на Роберто Манчини во Саудиска Арабија. Сепак, неговиот мандат ќе заврши по само неколку месеци, поради резултати кои не ги исполнија очекувањата на јавноста и федерацијата.
Како можни наследници на клупата на Италија се спомнуваат Клаудио Раниери, кој минатата сезона направи сензација со Рома, и Стефано Пиоли, кој е на чекор од разделба со Ал-Наср.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













