Шкупи сè уште ја бара својата прва победа оваа сезона и смета дека е време да ги освои првите три бода и да ја донесе првата радост во локалната фудбалска елита. Играчите веруваат во својата работа и во можноста за позитивен резултат, сега под водство на тренерот Минас Османи.
Фудбалерот Ригон Спахиу е убеден дека екипата на Пелистер е добро анализирана и дека тимот е подготвен позитивно да одговори на главната цел – победа и три бода.
„Добро сме подготвени за натпреварот против Пелистер. Во текот на неделата го анализиравме противникот и работевме на деталите што ни се потребни за да го дадеме најдоброто од себе. Знаеме колку е важен овој натпревар и на теренот ќе влеземе фокусирани, со цел да го постигнеме резултатот што го сакаме. Верувам во тимот и во работата што ја работиме“, изјави Ригон Спахиу.
Натпреварот помеѓу Шкупи и Пелистер ќе се одигра на стадионот во Струга, со почеток во 13:00 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













