МАКФУДБАЛ во Рим, Никола Ѓуровски
Македонија ќе игра со Бојан Миовски во нападот и со Елиф Елмас како негова поддршка. Селекторот Благоја Милевски се одлучи да не менува премногу, но во средниот ред и Аријан Адеми, заедно со Енис Барди и со Агон Елези.
На голот е Столе Димитриевски, централното одбранбено трио го сочинуваат Јован Манев, Никола Серафимов и Висар Муслиу. На десната странична позиција е Бојан Димоски, а лево ќе делува Езгјан Алиоски.
Италијанците напаѓаат со тројца фудбалери, Доменико Берарди, Џакомо Распадори и Федерико Киеза. Во средниот тим на Лучијано Спалети се Жоргињо, Барела и Бонавентура.
На голот е Џанлуиџи Донарума, а во одбраната пред него се Дармијан, Гати, Ачерби и Димарко.
Натпреварот на „Олимпико“ е закажан за почеток во 20.45 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski