Connect with us

Сорлот е кошмарот на Каталонците: „Обожувам да давам голови против Барселона“

Атлетико Мадрид дојде до драматично реми на гостувањето кај Барселона во првиот полуфинален натпревар од Купот на кралот, а конечните 4-4 беа комплетирани со гол во судиското продолжение од Александар Сорлот. Норвешкиот напаѓач влезе како резерва и во последните секунди од натпреварот го совлада Војчех Шчесни.

„Обожувам да играм против Барселона и редовно постигнувам голови. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи“, изјави Александер Сорлот по спектакуларното реми.

Сорлот постигна гол против Барса на петти последовен натпревар. Во три од тие дуели, тој ги казни Каталонците по 90-тата минута. Во јануари минатата година, напаѓачот се запиша во листата на стрелците при сензационалната победа на Вилјареал со 5-3 како гостин, а по неговото преоѓање во Атлетико, уште двапати ја решаваше Барса со доцни голови – синоќа, и на крајот од декември, кога му донесе победа на тимот на Диего Симеоне со 2-1 во натпревар од Ла Лига.

Од сезоната 2003/04, ниту еден фудбалер нема постигнато повеќе голови против Барселона по истекот на регуларното време. По двапати тоа го направија Фернандо Торес и Џуд Белингам.

Доцните голови се едно од најголемите оружја на Атлетико оваа сезона. Во сите натпреварувања, „јорганџиите“ имаат дури 16 погодоци во судиското продолжение.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови