Connect with us

Сопственикот на Челси збеснал, дали ќе го смени Грем Потер со Ханси Флик?

Сопственикот на Челси, Тод Боели, ги урна трансферните рекорди со вложувањата оваа зима, но сепак ги добива истите – лоши резултати. Медиумите на Островот открија дека овојпат тој не се воздржал и влетал во соблекувалната на тимот по ремито 0-0 со Фулам.


Милијардерот видно збесна од настапот на тимот за кој стартуваа и Енцо Фернандез и Михаило Мудрик вредни повеќе од 200 милиони фунти.


Уште поинтересно е дека можеби Грем Потер ќе биде сменет. Медиумите на Островот тврдат дека на „Стемфорд бриџ“ е забележан Ханси Флик и тој е еден од кандидатите за нов менаџер на Челси. Сепак, тој е актуелен селектор на фудбалската репрезентација на Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови