
Капитенот на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, си посипа пепел на главата по поразот од 0-1 против АЗ Алкмар во Лига Европа. Тој изјави дека тимот нема никакво оправдување за слабата игра на натпреварот во Холандија.
„Ова дури не беше ни блиску до играта што треба да ја прикажуваме. Разочарувачки е што настапивме толку слабо, а тоа важи и за мене лично. Ова е многу отрезнувачки момент, бидејќи следната недела не чека најважниот натпревар во сезоната“, започна Сон.
„Не мислам дека пристапивме премногу внимателно, секогаш е тешко да се игра на гостински терен во Лига Европа. Не создадовме ништо опасно во првото полувреме. Бевме премногу невнимателни и не игравме како што треба“, додаде Кореецот.
„Сите сме разочарани од себе и од нашиот настап како тим. Нема оправдувања, едноставно не игравме доволно добро. Но, при 0-1 сè уште ништо не е одлучено, така што следната недела мора да се собереме и да одиграме многу подобро“, заврши крилниот напаѓач на Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
