Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо во последен час го спаси Манчестер Јунајтед од пораз против Аталанта во Бергамо. „Ѓаволите“ одиграа 2-2 и сега се првопласирани во групата со седум бода, колку што има и Вилјареал.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер не штедеше зборови за Роналдо.
„Роналдо за нас е како Мајкл Џордан за Чикаго булс. Неговата класа е врвна, а искуството непроценливо. Тој покажува храброст и одлучност во решавачките моменти и затоа е еден од најголемите на сите времиња. Морам да кажам дека и сите останати одиграа одлично, храбро, покажавме силен карактер иако двапати имавме негатива“, изјави Солскјер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal