На каталонското дерби меѓу Еспањол и Барселона нема голови по првите 30 минути, но затоа се случи инцидент пред стадионот во Барселона.
Додека голема група навивачи на домаќините чекале да влезат на стадионот, возило неочекувано тргнало директно кон нив и почнало да ги гази. Сцената предизвикала паника и згрозеност, а според првичните информации, сѐ уште не е потврдено дали има повредени.
🚨 Terrible visuals outside the RCDE Stadium! pic.twitter.com/jB794mpeNb
— BarçaTimes (@BarcaTimes) May 15, 2025
Инцидентот сериозно ја загрижи јавноста и натпреварот бил на работ на прекин. Најверните навивачи на Еспањол, „Curva RCDE“, со знаци и повици побарале објаснување од надлежните. Главниот судија веднаш побара разговор со капитените на двата тима, а потоа и со претставници на полицијата, која пристигна на местото на настанот.
По кратка пауза и консултација, било решено натпреварот да продолжи, иако атмосферата остана напната поради случувањата надвор од теренот.
Очекувањата се дека шпанските власти ќе спроведат детална истрага, а јавноста со нетрпение очекува официјални информации за можни повредени или апсења во врска со нападот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













