Слован Братислава стигна до својата прва победа во Конференциската лига, совладувајќи го Рајо Ваљекано со 2-1 и нанесувајќи му го првиот пораз во натпреварувањето. Дуелот беше одигран во рамките на четвртото коло.
Рајо Ваљекано прв стигна до предност преку Фран Перез во 24-та минута и го задржа водството до полувремето. Но, по паузата, домашниот тим одигра одлично второ полувреме и целосно го сврте резултатот во своја полза. Гурам Кашија израмни на 1-1 само четири минути по продолжувањето на мечот, а три минути потоа Аласана Јирајанг постигна гол со прецизен удар за комплетен пресврт и конечни 2-1. Со овој триумф, словачкиот шампион со големо самодоверба ќе игра против Шкендија во следното коло.
Во останатите средби од истиот термин беа постигнати уште неколку значајни резултати. Раков од Полска убедливо го победи Рапид со 4-1, Зрињски славеше против Хакен со 2-1, АЗ Алкмар беше подобар од Шелбурн со 2-1, а Лех Познањ ја совлада Лозана со 2-0, станувајќи вториот клуб што ги победил Швајцарците во Европа оваа сезона после Вардар.
Сигма Оломук триумфираше над Целје со 2-1, додека Динамо Киев загуби од Омонија со 2-0.
До значајна победа стигна и Хамрун од Малта, остварувајќи историски резултат во европските купови со 3-1. Минимален, но важен успех запиша и Универзитатеа Крајова, која со 2-1 сензационално го совлада германскиот Мајнц.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски ја одби понудата на Фенербахче
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Евро-фудбал
Јувентус остана заробен во мразот во Норвешка













