Скопје успеа да направи изненадување и славеше со 0-1 на дуелот против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“. Мечот беше одлучен со автоголот на Марио Станковски кој во 56.минута ја затресе сопствената мрежа. По корнерот од левата страна, топката удри во телото на напаѓачот на Работнички и заврши зад грбот на Бурхан Мустафа.
Работнички имаше неколку одлични шанси за водство, прво преку Дејан Тантуровски во 26.минута, кога не погоди речиси празна мрежа, а четири минути подоцна и од пенал. Марио Станковски не успеа да реализира, Андреја Ефремов го одбрани неговиот удар.
Во вториот дел, Бенјамин Демир се закани кон голот на Работнички, но Мустафа беше одличен на голот на „романтичарите“. Не можеше да реагира во 56.минута при автоголот на Марио Станковски, а во завршницата, во 86.минута, и тој успеа да одбрани пенал.
Работнички имаше можност за израмнување преку Дејан Тантуровски во 60.минута, но неговиот шут со глава заврши над голот на Скопје. Од 65.минута Работнички играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Бојан Илиевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal