Јувентус ги суспендираше под притисок на јавноста тројцата „непослушни“ фудбалери кои биле дел од забава во домот на Вестон Мекени нарушувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19. Американецот нема да игра на градското дерби против Торино, заедно со Пауло Дибала и со Артур. Ова ќе биде нов голем удар за тренерот Андреа Пирло откако Леонардо Бонучи и Мерих Демирал ќе бидат отсутни затоа што се позитивни на коронавирусот.
Но, скандалот се проширува. Италијанските медиуми откриваат дека можеби имало и други фудбалери на Јувентус присутни на забавата. Ова е наведено дури и во полицискиот извештај, но, сепак, ги нема имињата на останатите фудбалери.
Останатите клубови од Серија А сега прават дополнителен притисок до властите на Торино да излезат со сите детали околу случувањата на забавата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













