Connect with us

Скандал во Полска: Левандовски се повлекува од репрезентацијата поради конфликт со селекторот Пробиеж

Фудбалската ѕвезда на Полска, Роберт Левандовски, го објави своето повлекување од националниот тим. 36-годишниот напаѓач на Барселона ја соопшти одлуката преку социјалните мрежи, а причината се нарушените односи со актуелниот селектор Михал Пробиеж.

„Со оглед на околностите и загубата на доверба кон селекторот, решив да се повлечам од националниот тим додека тој ја извршува оваа функција“, напиша Левандовски.

Најдобриот стрелец во историјата на полската репрезентација, со 85 погодоци, додаде:


„Се надевам дека во иднина повторно ќе имам шанса да играм пред најдобрите навивачи во светот.“

Полските медиуми пренесуваат дека Левандовски е длабоко разочаран од одлуката на Пробиеж да му ја одземе капитенската лента, што го поттикнало да го донесе ова драстично решение.

Иако не беше повикан за пријателскиот натпревар против Молдавија, кој Полска го доби со 2-0, Левандовски сепак присуствуваше на стадионот за да се збогува со својот долгогодишен соиграч Камил Гросицки.

Михал Пробиеж е селектор на Полска од 2023 година, но очигледно односите во репрезентацијата се далеку од идеални.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови