Државниот обвинител на Рио де Жанеиро, Рикардо Сајфер, и даде на Бразилската фудбалска федерација рок од 48 часа да објасни зошто ниту еден играч на репрезентацијата што настапува на Копа Америка не го носи бројот „24“ на неговиот дрес.
На Копа Америка можно е да има 28 играчи во списокот поради пандемијата на коронавирусот, додека претходно тој број беше ограничен на 23. Во Бразил, никој од 28-те играчи не го носи бројот „24“ на грбот. Голманот Едерсон носи број „23“, а играчот за врска Даглас Луис е „25“. Бројот „24“ е изоставен, и тоа единствено затоа што оваа бројка во Бразил е поврзана со хомосексуалноста.
Објаснувањето зошто е тоа така е доста компликувано за луѓето кои не доаѓаат од Бразил. Доаѓа од нелегална, но призната бразилска лотарија наречена „Жого до Бичо“ или животинска игра. Без да навлегуваме во премногу детали, во оваа игра на обложување на секој број му е доделено едно животно.
Во „Жого до Бичо“ број еден е ној, два орел, три магаре и сл. На бројот 24 се наоѓа елен. На португалски значи „веадо“, а овој збор се смета за хомофобична навреда за мажите во Бразил.
Со текот на времето, бројот 24 и зборот „веадо“ почнаа да се избегнуваат кога станува збор за мажите и низ целата бразилска култура, ако можете, ќе избегнете каква било врска со бројот 24.
Затоа бразилските спортисти го избегнуваат дресот со број 24. Од 681 играч во бразилската фудбалска лига оваа сезона, само тројца го носат дресот со број 24. Но, само еден од нив е Бразилец. Тоа е Брено, голманот на Гремио.
Предрасудите за бројот 24 не се однесуваат само на спортот. Во бразилскиот сенат има 81 сенатор. Секој од нив има право на своја канцеларија, но нема да најдете соба број 24 во ходниците.
Сега Бразилската фудбалска федерација треба да му објасни на државниот обвинител дали бројот 24 на дресот е специфично изоставен и кој е одговорен лично за бирањето на дресовите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal