Вистинска голеада имаше на „Автокоманда“, каде домаќинот Скопје буквално ја разнесе Победа со неверојатни 8-1 во денешниот дуел од Втората фудбалска лига. Гостите од Прилеп немаа одговор за расположениот тим на Скопје, кој уште еднаш потврди зошто важи за еден од најсериозните фаворити за пласман во елитата.
Виктор Ангелов беше стрелец на четири гола за „пиратите“, а по еднаш погодија Горјан Цветков, Армир Иса, Стефан Лазаревиќ и Алекс Константино Горгиовски.
Успешен гостин беше и Брегалница. Штипјани славеа со 1-3 против Саса во Македонска Каменица, со што максимално го искористија киксот на Шкендија Арачиново, која ремизираше 0-0 со Детонит Плачковица.
За штипјани стрелаа Ристе Темелков, Дамјан Масевски и Стефан Коцев, а единствен кој погоди за Саса беше Кристијан Таневски.
Осогово рутински стигна до три бода против последнопласираниот Големо Коњари (2-0), кој и понатаму останува без ниту еден бод во ВМФЛ. За кочанчани погодија Дамјан Стојковски во 32. и Марио Симоски во 65. минута.
Новаци на домашен терен ја оправда улогата на фаворит и со минимални 1-0 го совлада Тетекс, додека најмирно беше во Охрид, каде мечот со Кожуф заврши без голови.
Беласица славеше против Слога Виница со 1-2, со головите на Спиркоски и на Капсаров. Вардар Неготино исто така победи против Преспа со 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













