Шкендија го пречекува Тиквеш во дуелот од седмото коло во Првата МФЛ, а дефанзивецот Клисман Цаке најавува дека тетовци се заинтересирани само за трите бода.
„Ова е многу важен натпревар за нас. Јасно е дека во овој период немаме многу време за одмор, бидејќи се игра секои три дена. Но, ние повторно сме мотивирани и 100% фокусирани да ги освоиме трите бода. Добро го анализиравме тимот на Тиквеш во овие три дена што ги имавме на располагање. И нормално, Шкендија секогаш е подготвена за победа, трите бода треба да останат во Тетово. Што се однесува до ’лесен тим‘, сите знаеме дека лесен тим не постои, бидејќи на сите им се потребни бодови и сите знаеме дека големите бодови се собираат на почетокот, затоа што крајот е многу тежок“, изјави Цаке.
Натпреварот меѓу Шкендија и Тиквеш се игра денеска, со почеток во 15.30 часот на Градскиот стадион во Тетово.
Од 20 часот, на Националната Арена Тодор Проески е закажан и дуелот меѓу Вардар и Работнички.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













