Шкупи конечно ќе го одигра првиот домашен натпревар на својот стадион во Чаир. Клубот потврди дека проблемите околу теренот се решени и дека ќе ја пречека Македонија Ѓ.П. на стадионот каде што се создадени услови за функционирање на системот ВАР.
За екипата од Чаир ова е златна можност да ги освои првите бодови во новата сезона. Андреј Ричков верува дека со поддршката на навивачите тимот може да стигне до првиот успех во Првата лига.
„Очекувам натпревар исполнет со добра игра и спортски дух. Верувам во мојот тим, во нашата борбеност и посветеност. Сигурен сум дека ќе дадеме сè од себе на теренот и дека заедно ќе постигнеме позитивен резултат. Ова е млада екипа, можеби најмлада во лигата и допрва ќе бележи позитивни резултати, бидејќи ги научивме грешките од претходните натпревари. По шест кола се враќаме на нашиот терен во Чаир и верувам дека со поддршката од нашите најверни навивачи конечно ќе ги освоиме овие три бода и ќе излеземе од кризата,“ изјави Ричков.
Натпреварот меѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров ќе се игра на стадионот во Чаир со почеток во 15:30 часот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













