
На полувремето од првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид дојде до скандал. Според пишувањата на „Марка“, челниците на ПСЖ, претседателот Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Леонардо одлучиле да направат притисок кај судиите.
Ал-Келаифи и Леонардо се симнале во соблекувалната од свечената ложа и извршиле притисок врз официјалните лица на натпреварот предводени од Даниеле Орсато.
И додека тоа може да се случи на натпревари од помала важност, за Лигата на шампионите е вистинска реткост челниците на еден клуб вербално да ги напаѓаат судиите.
Новинарите на „Марка“ тврди дека на непријатната сцена присуствувале и луѓе од УЕФА.
Орсато оправдано досуди пенал за ПСЖ во вториот дел, кој Лионел Меси не успеа да го претвори во гол откако неговиот шут го одбрани Тибо Куртоа.
Кај Реал Мадрид жолти картони добија Кашемиро и Менди, а овие двајца играчи поради суспензија нема да играат на реваншот на 9 март.
Натпреварот беше решен во судиското продолжение со одличниот гол на најдобриот играч на натпреварот, Килијан Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
