
Манчестер Сити продолжува да реди победи во Премиер – лигата. Дополнително денот на Пеп Гвардиола и на неговите фудбалери им го разубави и новото реми на Челси. Лондонскиот тим одигра без голови на гости против Вулверхемптон и сега заостанува шест бода зад „граѓаните“.
Манчестер Сити немаше никакви проблеми проиив Њукасл и победи со 0-4. Рубен Дијас во петтата минута искористи една неверојатна грешка во одбраната на Њукасл и донесе водство, а Жоао Кансело во 27.минута зголеми на 0-2.
Ријад Махрез во 63.минута го постигна третиот гол, а Рахим Стерлинг ја затвори серијата голови.
Челси повторно мораше да игра без сите свои напаѓачи, Лукаку, Вернер, Хаверц и Хадсон-Одои. Со еден таков тим и не можеше да стори нешто повеќе од 0-0 на гости против Вулверхемптон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
