Манчестер Сити немаше милост против Ал-Аин и славеше со убедливи 6-0, приклучувајќи му се на Јувентус во нокаут-фазата на Светското клупско првенство. Дуелот беше еднонасочна улица, а „граѓаните“ доминираа од првата до последната минута.
Со оваа победа, Сити и „старата дама“ веќе се сигурни патници во осминафиналето, откако по две кола имаат максимални шест бода. Последниот меч во групата ќе решава само кој ќе биде прв, а кој втор во групата.
Илкај Гундоган блесна со два погодоци, а по еден додадоа Ечевери, Халанд, Боб и Черки, потврдувајќи ја одличната форма на англискиот гигант.
Во другата група, далеку понеизвесно – Ал-Хилал и Салцбург одиграа без голови, 0-0, што ја заплетка ситуацијата во која се и Реал Мадрид и Пачука. „Кралевите“ и Салцбург сега имаат по четири бода, а во последното коло ќе се сретнат меѓусебе. Ал-Хилал, со два бода, ќе се надева на победа над Пачука и пласман меѓу најдобрите осум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













