Connect with us

Синот на легендата на Милан потпишува за Јувентус

Јувентус сѐ уште не стартувал со полна пареа во преодниот рок. Има две главни причини – финансиските проблеми, и втората, се чека спортскиот директор Џунтоли да дојде во клубот по раскинувањето на договорот со Наполи.


Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми, „старата дама“ е блиску до реализација на трансферот на напаѓачот на француски Лил, Тимоти Веа.

Овој трансфер е интересен за италијанските медиуми, затоа што тој е син на легендарниот напаѓач на Милан, Жорж Веа.

Сѐ е договорено со репрезентативецот на САД, кој треба да пристигне и да ја зголеми конкуренцијата во нападот.

Веа има 23 години и минатата година одигра 32 натпревари за Лил без постигнат гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови