Силекс избори пласман во големото финале на Купот на Македонија откако ја совлада Струга Трим Лум на гости со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Ристе Каракамишев во 81.минута од мечот.
Тренерот Горан Симов е пресреќен по пласманот во финалето, но вели дека нема премногу опуштање затоа што Силекс мора да размислува и на првенството.
„Пресреќни сме, остваривме голем успех, по цели 24 години Силекс повторно ќе игра во финалето на Купот. Минатата година игравме и на европска сцена и ова сигурно е еден убав успех, ќе се трудиме да стигнеме и до пехарот против Академија Пандев. Но, сега треба веднаш да се фокусираме на дуелот против Вардар во првенството, тоа е можеби и клучен меч за нас во битката за опстанок“, изјави Горан Симов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski