Силекс на 9. август ја очекува ждрепката за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Кратовци како неносители низ квалификацискиот циклус сосема јасно ги очекува тежок противник уште на стартот од европскиот пат. И токму поради тоа поголемиот дел од фановите на Силекс посакуваат атрактивен противник како Селтик, Црвена Звезда или Лудогорец како, на крајот на краиштата, би се имало атрактивен дуел преку кој ќе се мерат силите со фаворитите.
Но, шефот на стручниот штаб Горан Симов посакува полесен противник како Силекс би имал можност што подолго да остане на европската сцена.
„Јасно е дека, без разлика на противникот, воопшто нема да ни биде лесно. Свесен сум дека поголемиот дел наши навивачи но и љубителите на фудбалот од Македонија посакуваат за противник да ги добиеме Црвена Звезда, Селтик или бугарскиот Лудогорец. Но, јас сакам полесен противник, како ирски Дундалк и Судова од Литванија за да рамноправно се надигруваме и се обидеме да обезбедиме пласман во следната рунда натпревари во кои потоа би имале секако атрактивен противник“ – вели Симов во очекување на неделната ждрепка.
Силекс, заедно со Флоријана од Малта, согласно УЕФА коефициентот, се најслаборангираните две екипи во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













