Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, е избран за најдобар тренер во Серија А во сезоната 2023/24.
Инзаги (48), кој го предводеше Интер до 20. шампионска титула во историјата, го наследи Лучијано Спалети, кој минатата година беше шампион со Наполи.
„Ова признание можеше да му припадне само на Симоне Инзаги“, изјави првиот човек на италијанската лига, Луиџи Де Сиерво.
Интер ја завршува сезоната 2023/24 со 29 победи, шест нерешени и само два порази во првенството. Пред крајот на 38. и последно коло во италијанското првенство во недела, тие имаат 19 бода предност од второпласираниот Милан.
Интер го освои и италијанскиот Суперкуп, но беше елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите и Купот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













