
Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги е новиот тренер на саудискиот гигант Ал-Хилал. Тој потпиша двегодишен договор со клубот од Саудиската професионална лига и ќе ја започне својата нова авантура на претстојното Светско клупско првенство.
Инзаги доаѓа во Ал-Хилал по успешна четиригодишна етапа во Интер, каде што освои една титула во Серија А, два Купа на Италија, три Суперкупа и стигна до две финалиња во Лигата на шампионите. Според информациите на италијанските медиуми, Инзаги ќе биде најплатениот тренер во светот со годишна плата од околу 30 милиони евра, вклучително и бонуси.
A new Don takes charge 🤩💙 pic.twitter.com/7zsLoVleEz
— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) June 4, 2025
Ал-Хилал неговото пристигнување го проследи со промотивно видео објавено на социјалните мрежи, во кое Инзаги е претставен како „италијански гениј“. Видеото било снимано во хотел во Париз, а во него кратко се најавува почетокот на новата ера за клубот.
Првиот предизвик за Инзаги ќе биде настапот на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во САД. Ал-Хилал ќе се соочи со Реал Мадрид на 18 јуни, со Салцбург на 23 јуни и со мексиканската екипа Пачука на 27 јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
