
Ливерпул го победи Атлетико Мадрид (2-3) на „Ванда Метрополитано“, а Диего Симеоне не му подаде рака на Јирген Клоп. Менаџерот на Ливерпул изјави дека тренерот на Атлетико не се ракувал по натпреварот од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите затоа што бил лут поради резултатот.
„Не ми се допадна, но ситуацијата е таква. Сакав да му подадам рака. Тој беше лут, но не на мене, туку на резултатот. Ништо повеќе. Следниот пат кога ќе се видиме, дефинитивно ќе се ракуваме“, изјави Клоп.
Диего Симеоне се оправда дека никогаш не се ракува по натпреварот, без разлика на резултатот.
„Не сакав никого да навредам. Не се поздравувам со противничките тренери по завршувањето на натпреварите, без разлика каков е резултатот. Но, следниот пат ќе се поздравиме, сигурно“, изјави Симеоне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
