
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, очекува неговите избраници во продолжението од Ла Лига да бидат многу подобри од изданието што го прикажаа на синоќешниот дуел со Севилја, губејќи со 1-0. Само на таков начин, ќе можат да ја задржат предноста пред Барселона и пред Реал Мадрид во трката за титулата.
„Тоа беше тежок натпревар. Знаевме дека ќе биде така. Почнавме да играме подобро од триесеттата минута, но немаше многу опасни ситуации пред противничкиот гол. Ние мора да продолжиме да се подобруваме, да работиме напорно и да се подготвуваме добро за она што претстои. Останаа девет натпревари, мора да се подготвиме добро“, изјави Симеоне.
Атлетико Мадрид останува на првото место во поредокот во Ла Лига со 66 бода. На второто место е Реал Мадрид со 63 бода, додека Барселона има 62 бода и натпревар помалку, вечерашниот против Валјадолид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal