
Диего Симеоне беше задоволен од реакцијата на неговиот тим по спектакуларното реми 4-4 против Барселона во првиот полуфинален натпревар од Купот на Кралот. Атлетико Мадрид поведе со 2-0, но дозволи пресврт, пред во завршните минути да стигне до израмнување.
„Мора да поработиме на одбраната при корнери, бидејќи очигледно имавме проблеми. Играчите покажаа дух, за што им се восхитувам. Ова беше отворен меч против многу силен противник, но и ние имаме квалитет да одиме понатаму“, изјави Симеоне.
„Кога поведовме со 2-0, си реков: ‘не брзај да се радуваш, нема да биде толку лесно.’ Двата примени гола од прекини се причина за загриженост. Тешко беше да се реагира по пресвртот во првото полувреме. Барса подобро влезе во вториот дел, но со текот на времето и ние почнавме да создаваме шанси. Гризман имаше можност за израмнување, а потоа Левандовски постигна гол за 4-2“, продолжи Аргентинецот.
„Извршените измени ни помогнаа. Имавме свежина во последните минути, покажавме храброст и напаѓавме со повеќе играчи. Задоволни сме од конечниот резултат. До реваншот на 2 април има уште многу време и многу натпревари. Сè уште е рано да размислуваме за него“, заклучи Симеоне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Донарума се договори со Манчестер Сити

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Победата е најважна, патот е долг

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
