Македонија и Германија играат без голови на арената „Тодор Проески“ по првото полувреме во квалификацискиот меч за Светското првенство во Катар. Пред 16.000 гледачи, нашиот национален тим држи „нула“ и одлично му парира на големиот фаворит.
Најголемата шанса ја имаше Тимо Вернер во 45.минута кога од непосредна близина го погоди дирекот од голот на Столе Димитриевски.
Претходно се заканија и Серж Гнабри и Каи Хаверц, но Столе Димитриевски е одличен на голот.
И Македонија не беше без шанси. Висар Муслиу се обиде со удар со глава по корнерот од десната страна, но не беше прецизен, а во 26.минута Елиф Елмас шутираше силно од 15 метри, но Мануел Нојер го одбрани неговиот удар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













