Connect with us

Силесен е сериозно повреден, беше изнесен на носилки и итно опериран

Голманот на Лас Палмас, Јаспер Силесен, синоќа беше изнесен од теренот во средината на првото полувреме на натпреварот против Селта во 29. коло од Ла Лига.

Холандскиот голман доби удар во стомакот и во големи болки беше изнесен од теренот. Веднаш беше хоспитализиран, а потоа итно опериран.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Силесен повраќал веднаш по излегувањето од теренот поради повреда на внатрешните органи. Лекарот на Лас Палмас, Диостано Боланос, откри дека Силесен е во стабилна состојба по итната интервенција.

„Има повреда на абдоменот, со одредено зафатување на цревата. Засега сè оди како што треба“, изјави доктор Боланос, додавајќи дека постои можност за нова операција.

Селта и Лас Палмас одиграа 1-1 на овој натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови