Во воведниот натпревар од 14. коло во ПМФЛ, Силекс ги освои трите бода на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, триумфирајќи со 1-2. Новиот тренер на Македонија ЃП, Боби Божиновски, дебитираше со пораз на клупата.
Сите погодоци паднаа во првото полувреме. Кратовци постигнаа два гола за половина час. Првиот беше во 15. минута, кога по одличен центаршут од десно на Пиреш, Мирчевски со прецизен удар со глава го матираше Јанков и донесе водство.
Во 27. минута следеше нова акција на Силекс, овојпат по левата страна. По уфрлената топка во петерецот, Кабаркас се обиде да исфрли, но топката дојде до Донов, кој со убав волеј ја затресе мрежата за 0-2.
Македонија ЃП успеа да се врати во игра во 32. минута, кога Пецов ја искористи грешката на одбраната на гостите и намали на 1-2.
Во вториот дел, Силекс беше поблиску до нов погодок — ја погоди гредата, а Алиќ пропушти добра шанса да стави точка на натпреварот. Тоа ѝ даде надеж на Македонија ЃП дека може да избегне пораз, па во последните десет минути Елмас шутираше над голот. На самиот крај и Софијановски се закани од слободен удар, но топката заврши крај голот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП













