Connect with us

Што се случи со Онана и Џеко по жестоката караница…

Во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, Интер го совлада Порто со 1-0, а средбата ја одбележа и вербален конфликт меѓу Един Џеко и Андреа Онана, покрај победничкиот гол на Ромелу Лукаку.


Сѐ се случи во првото полувреме. Онана протестираше до судијата Срѓан Јовановиќ, а Џеко му порача да застане и да се врати на голот.

Следуваше жесток одговор од Камерунецот. Камерите уловија сѐ и секако беше непријатна сцена за сите актери.

По натпреварот, Онана го објасни и своето видување на целата ситуација, велејќи дека такви сцени се случуваат, особено на натпревари од големо значење.

„Такви работи се случуваат во играта, но, секако, секој има право да мисли што сака. Адреналинот малку порасна, бевме лути, но кога таквите работи ни помагаат да победиме во натпреварите, тогаш тоа е добро за нас“, изјави Онана.

„Кориере дело Спорт“ открива што се случило меѓу Џеко и Онана на пат кон соблекувалната и во самата соблекувална на полувремето од натпреварот. Напаѓачот и чуварот на мрежата веднаш ја разјасниле ситуацијата, се прегрнале и зад себе ја оставиле непријатната епизода.

Интересно е што тренерот Инзаги воопшто не ја коментираше оваа расправија и сето ова во Милано се толкува како голема желба за победа.

Останатите играчи на Интер, како Хакан Чалханоглу, кој го замолкна Онана, не посветија премногу внимание на инцидентот и брзо оставија сѐ зад себе.

Претходно оваа сезона имаше слични ситуации со „нероаѕурите“, како што беше неодамна помеѓу Ромелу Лукаку и Никола Барела против Сампдорија или меѓу Алесандро Бастони и Милан Шкриниар против Удинезе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови