Македонските фудбалски клубови се во очекување на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија околу начинот на завршувањето на сезоната 2019/2020. Последниот рок до кој до УЕФА треба да се достави планот на ФФМ за завршувањето на сезоната е 25. мај, до кога и дефинитивно ќе биде познато што ќе се случува со македонскиот прволигашки и второлигашки фудбал во следните два месеци.
Вчерашниот состанок на прволигашите со ФФМ донесе неколку предлози кои сериозни развиваат полемика и меѓу второлигашките екипи и нивниот статус за шампионатот во следната сезона. Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Зоран Штерјовски смета дека, доколку сезоната биде прекината, тогаш Првата македонска фудбалска лига во следната 2020/2021 сезона мора да биде со најмалку 14 екипи.
Пелистер е првопласирана екипа во моментов во Втората лига – Запад, со четири бода предност во однос на второпласираниот Скопје, па сосема реално битолчани очекуваат промоција во Првата лига доколку се одлучи фудбалот да не продолжи.
„Мојот став првично е секако сезоната да биде доиграна, но да бидеме реални има се помалку простор и услови за комплетно завршување на лигите. Па, во еден таков случај на прекин на сезоната одлуката на ФФМ мора да биде максимално коректна и на задоволство на сите фудбалски субјекти и во Првата и во Втората лига. Затоа што се соочуваме со навистина вонредна ситуација од која не смее да биде оштетен ниту еден колектив“ – вели Штерјовски.
Дел од предлозите на прволигашите се Првата лига и во следната сезона да остане во истиот формат со истиот број екипи…
„Тоа е можно само доколку прволигашите одиграат најмалку уште четири кола, па да се знае точно и кој ќе ја напушти елитата и кој ќе игра бараж. А, второлигашите си ја доиграат сезоната и се знае кои екипи ќе обезбедат директен пласман во Првата лига а кои ќе играат бараж. Доколку се прекине сезоната тогаш е сосема јасно дека следната сезона прволигашкото друштво мора да биде од 14 екипи. Не смее да бидат оштетени ниту Пелистер ниту Беласица како првопласирани во второлигашката конкуренција, а ниту Брегалница и Скопје на кои, согласно регулативата и пропозициите, им е гарантиран бараж за прволигашка промоција. Прволигашките екипи не смеат да мислат само на себе во предлозите за крај на сезоната, затоа што во вторите лиги има екипи кои вложиле многу за така лесно да бидат избришани. Чесно е, ако има прекин на сезоната, Првата лига да биде проширена а потоа во текот на следната сезона повторно да се анализира и разговара за форматот на сезоната 2021/2022“ – вели Штерјовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













