Шпанското обвинителство одлучило да поднесе тужба против Барселона за корупција во спортот поради исплатите кон поранешниот потпретседател на судиската комисија – Хозе Марија Енрикез Негреира, пишува весникот „Ел Паис“. Тужбата го именува клубот како одговорен за злосторството, како и поранешниот каталонски претседател Хосеп Марија Бартомеу.
Тужбата што ќе ја поднесе обвинителството е насочена против Барселона како правно лице, што го потврдија судски извори по објавените исплати вредни 7 милиони евра во 2001 и 2018 година.
Другите претседатели во овој период, Жоан Гаспар, Сандро Росел и Жоан Лапорта, нема да бидат директно вмешани, поради петгодишниот статут на застареност на обвиненијата. Сепак, тие би можеле да бидат казнети доколку се обвини Барселона во целина. Сега судијата ќе разгледа дали има основа да го прифати случајот.
Обвинителите ќе ја обвинат Барселона за деловна корупција, кривично дело што стапи на сила со кривичната реформа во 2010 година и вклучува измама во спортскиот сектор. Како поединец, Бартомеу ризикува да биде осуден на меѓу 6 месеци и 4 години затвор, парична казна и дисквалификација од спортот.
Истрагата започна во мај 2022 година поради даночните неправилности на компанијата Даснил СЛ, основана од Енрикез Негреира во 1995 година и во која работеше и неговиот син Хавиер Енрикез.
🚨🚨 | BREAKING: The Prosecutor's Office will charge FC Barcelona for continued corruption in sport for payments to Negreira. The complaint will point to the club as responsible for the crime and also to Josep Maria Bartomeu and part of his management team. [@el_pais] #fcblive pic.twitter.com/sZOmORv4LL
— BarçaTimes (@BarcaTimes) March 7, 2023
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













