
Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство откако ја елиминираше домашната селекција на Германија со 2-1 по продолженија на фантастичниот дуел во Штутгарт. Микел Мерино се покажа како „златна резерва“ на Луис де ла Фуенте погодувајќи ја мрежата на Мануел Нојер во 119.минута.
Тој одлично реагираше на нафрлувањето од левата страна и со удар со глава погоди на вистинското место.
🚨 GOAL: Spain 2-1 Germany!
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) July 5, 2024
MERINO SCORES FOR SPAIN IN THE LAST MINUTES! 🇪🇸
pic.twitter.com/zrAjQ7qRj1
Шпанија прва дојде во водство на оваа четвртфинална пресметка, со голот на Дани Олмо во 51.минута. Тој стрелаше откако Ламин Јамал одлично го пронајде во шеснаесетникот на Германците.
Германија по примениот гол тргна во офанзива, Никлас Фулкруг го погоди дирекот, а Флоријан Вирц во 89.минута успеа да израмни и да го одведе мечот во продолженија.
Дани Карвахал во 120.минута доби црвен картон.
Сепак, на крајот се радуваа Шпанците, а Тони Крос ја завршува својата блескава кариера после овој натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг
