Connect with us

Шпанија е првиот финалист на ЕВРО 2024 (ВИДЕО)

Шпанија е во финалето на Европското првенство, откако ја победи Франција со 2-1 во полуфиналната пресметка на „Алијанц арена“. Сосема заслужено, селекцијата на Луис де ла Фуенте обезбеди пласман во мечот за трофејот откако уште еднаш одигра врвен натпревар, а успеа и да се врати резултатски иако имаше негатива уште на почетокот.

Рандал Коло Муани во деветтата минута го отвори резултатот, откако со удар со глава ја погоди мрежата на Унаи Симон, по нафрлувањето на Килијан Мбапе.

Но, Шпанија возврати силно. Во 21.минута, Ламин Јамал постигна фантастичен гол откако со удар од далечина го надмудри Мајк Мењан.

Само четири минути подоцна, Дани Олмо се погрижи за пресврт шутирајќи откосо од десната страна, а Жул Кунде ја закова топката во мрежата.

Во вториот дел, Франција не успеа да даде уште еден одговор, се обиде Килијан Мбапе, но не беше прецизен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови