
Најдобриот светски фудбалер за 2020 година, полскиот интернационалец Роберт Левандовски, ќе паузира четири седмици од фудбалските терени откако заработи повреда на коленото на мечот меѓу Полска и Андора (3-0). Тој се здоби со истегнување на лигаментите на десното колено и после деталните лекарски прегледи е јасно дека повредата воопшто не е наивна.
Ова секако е голем шок за Баерн Минхен. Тренерот Ханси Флик нема да може да смета на него на дуелот против Лајпциг во Бундес-лигата, но и на двомечот против Пари Сен Жермен во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Надежите на баварскиот клуб се дека Левандовски ќе успее да се опорави навреме за настап во евентуалната полуфинална пресметка од Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal