Големо изненадување на Светското клупско првенство во САД. Пари Сен Жермен, актуелниот европски првак и главен фаворит, доживеа неочекуван пораз од бразилскиот Ботафого со минимални 1-0 во второто коло од групната фаза.
Францускиот гигант доминираше по сите статистички параметри – посед од 75%, 16 обиди кон противничкиот гол, 10 корнери – но тоа не беше доволно за да се најде пат до мрежата. На спротивната страна, Ботафого одигра дисциплинирано, организирано и со исклучителна ефикасност. Од само четири обиди кон голот на ПСЖ, сите беа во рамките, а еден – оној на Игор Жезус во 36. минута – заврши зад голманот на „светците“.
Бразилците го одиграа мечот според учебник: цврста одбрана и контранапади, тактика што им донесе златни три бода.
Во другата пресметка од групата, Атлетико Мадрид со 3-1 го совлада Сиетл. Бариос донесе рана предност во 11. минута, а Витсел удвои на почетокот на второто полувреме. Сиетл кратко се надеваше со голот на Руснак во 50. минута, но Бариос брзо ја затвори приказната со својот втор погодок пет минути подоцна.
По второто коло, Ботафого е лидер со максимални 6 бодови, ПСЖ и Атлетико се на по 3, а Сиетл е без бодови. Поради лошата гол-разлика, Атлетико ќе мора да ја победи Ботафого со најмалку три гола разлика во последното коло – и тоа само ако ПСЖ не се сопне повторно, овојпат против Сиетл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













