Connect with us

Шок на „Енфилд“, Халанд со нови два гола донесе триумф за Сити (ВИДЕО)

Ливерпул го доживеа првиот пораз во Премиер – лигата откако на „Енфилд“ загуби од Нотингем Форест со 0-1. По трите победи на стартот, дојде и првиот неуспех за Арне Слот. Калум Хадсон – Одои беше стрелец на победничкиот гол за гостите постигнат во 72.минута. Тоа е прв триумф на „Енфилд“ за Нотингем Форест по пауза од неверојатни 55 години.

Брентфорд експресно поведе на „Итихад“ со 0-1, но потоа на сцена стапи Ерлинг Халанд и со два гола се погрижи за пресврт и за нов триумф (2-1) на Манчестер Сити. Виса погоди во првата минута, но Сити веќе имаше предност по половина час од натпреварот.

Фулам и Вест Хем одиграа 1-1, а реми (2-2) имаше и на дуелот меѓу Кристал Палас и Лестер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови