Connect with us

Шкупи убедлив против Вардар, Силекс освои бод во Кавадарци

Шкупи го победи Вардар на Чаир со 3-0 и се израмни на врвот на табелата со Струга ТЛ со 51 бод. Тимот од Чаир во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на вардарци и славеше убедлив триумф.

Дуду во 54.минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна Марјан Ристовски доби црвен картон и Вардар остана со фудбалер помалку. Тоа го искористија Кристијан Трапановски во 68.минута и Емануел Гронер во 77.минута и со два гола донесоа сигурна победа за домаќинот.

Тиквеш и Силекс во Кавадарци одиграа 1-1. Зоран Даноски во 54.минута го доведе Тиквеш во водство, но Силекс успеа да освои бод со голот на Марко Ѓорѓиевски во последните мигови од дуелот.

Останатите натпревари од 25. коло се играат утре.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови