
Шкупи го зема скалпот на Шкендија, славеше со 1-0 на Чаир и стигна на четвртото место на табелата во Првата лига. Стрелец на победничкиот погодок беше Муарем Бајрами од пенал во 30.минута на натпреварот. Претходно, Сержињо беше срушен во шеснаесетникот на гостите.
Беласица и Вардар ремнизираа без голови, но тоа не беше натпревар без шанси. Џонов се закани, Фелипе возврати на спротивната страна, а Вардар во 64.минута веше многу блиску до водство, кога Лира шутираше, а Маслаќ спаси од самата гол – линија.
Академија Пандев го совлада Работнички на арената „Филип Втори“ со 0-1. Љупчо Дориев од пенал во 45.минуита донесе триумф за гостите, откако Милован Петровиќ играше со рака во шеснаесетникот. Во судиското продолжение, Даниел Миловановиќ го постигна вториот гол за Академија Пандев за триумф, но Жунињо Кабрал пред последниот свиреж погоди за 1-2.
Силекс ја совлада Победа со 1-0, стрелец беше Дарко Алексовски во 65.минута повторно од пенал. Тој беше успешен реализатор од белата точка и донесе значајни три бода за кратовскиот тим.
Ренова и Македонија ЃП одиграа без голови, а Боби Божиновски во 49.минута не успеа да реализира пенал. Голманот на Ренова, Урош Ѓуриќ, успеа да го одбрани неговиот удар.
ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР 0-0
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2
СИЛЕКС – ПОБЕДА 1-0
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
Табела: Шкендија 47, Академија Пандев 39, Вардар 39, Шкупи 33, Работнички 31, Ренова 27, Силекс 24, Македонија ЃП 23, Беласица 19, Победа 18.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
