Шкупи не успеа да го освои Кавадарци и се враќа со еден бод (1-1) по дуелот на гости против Тиквеш. Едиз Спахиу во 22. минута го доведе Тиквеш во водство, а израмни Арби Воша во 37.минута.
Работнички не помина убаво во Штип и загуби со 2-1 од Брегалница. Колин Андерсон ги доведе штипјани во водство, а израмни Атдхе Мазари.
Во второто полувреме Брегалница стигна до нова предност во 72.минута со голот на Вебстер. Тоа беше и решавачко за трите бода.
Брера продолжува со лоши резултати, а во Струмица славеше Гостивар со 0-1. Ланре Кехинде беше стрелец на победничкиот гол во 15.минута од мечот.
Воска и Македонија ЃП во Охрид одиграа 2-1. Домаќинот славеше со двата гола на Алекса Марушиќ. Тој го отвори резултатот во 23.минута, но три минути подоцна израмни Филип Алексовски. Марушиќ во 76.минута погоди од пенал за триумф на Воска.
Утре се играат натпреварите Вардар – Шкендија и Струга Трим Лум – Силекс.
ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО
БРЕРА – ГОСТИВАР 0-1
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-1
ТИКВЕШ – ШКУПИ 1-1
ВОСКА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (утре, 14 часот)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СИЛЕКС
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski