
Актуелниот првак Шкупи посакува триумф над Силекс во Кратово со кој по подолг период ќе се врати на првата позиција на табелата во Првата фудбалска лига. Лидерот Струга ТЛ и вторпат ремизираше на стартот на пролетта, а тоа тимот од Чаир би можел да го искористи за да се искачи на врвот.
Сепак, не е лесно да се освои Кратово, го знаат тоа избраниците на тренерот Гоце Седлоски.
Шкендија има полесна задача, со оглед дека игра на домашен терен против Победа. Новото засилување Методи Максимов најавува триумф на својот тим.
„Работевме напорно и сметам дека подготвени го дочекуваме денешниот дуел со Победа. Свесни сме дека нѐ очекува сериозен дуел во кој мораме да влеземе максимално сконцентрирани. Не криеме дека одиме по трите бода“, изјави Максимов.
Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе ја пречека Брегалница. Гостите се подготвени за надигрување, вели Ѓорѓи Ѓорѓиев.
„Респект за Работнички, но од друга страна ние имаме мотиви за надигрување со квалитетен противник. Нема сомневање дека ќе дадеме сѐ од себе да дојдеме до позитивен резултат. Атмосферата во тимот е на високо ниво, сите ние знаеме дека нашите навивачи од нас очекуваат позитивни резултат, па затоа мора да го дадеме својот максимум за да не ги разочараме“, изјави Ѓорѓи Ѓорѓиев.
На „Автокоманда“, Скопје го пречекува Тиквеш, а во ова коло слободен е тимот на Академија Тиквеш.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО (14 ЧАСОТ)
СИЛЕКС – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА
ВЧЕРА: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
