Шкендија утре (18.45 часот) ќе го пречека Слован Братислава на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во петтото коло од Конференциската лига на УЕФА.
Голманот Бабукар Гаје истакна дека тимот ќе даде максимум за добар резултат и ги повика навивачите да бидат нивна голема поддршка на трибините.
„Освојувањето на шампионската титула и пласманот во Конференциската лига се голем успех за нас. Сега сме целосно посветени на последните два натпревари за оваа година. Ги повикуваме навивачите да ни дадат поддршка против Слован, а ние ќе направиме сè за позитивен исход“, рече Гаје.
Тој нагласи дека тимот целосно се фокусира на двата преостанати натпревари во групната фаза, утрешниот против Слован Братислава и на 18 декември против АЕК Ларнака.
„Европските натпревари се посебна прилика, не се секојдневие. Уживаме во нив, но и знаеме дека секој натпревар бара максимална посветеност и борба за резултат“, додаде голманот на Шкендија.
Средбата меѓу Шкендија и Слован Братислава е закажана за четврток, со почеток во 18.45 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













