Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, се осврна на конфликтот со Мохамед Салах по победата од 0-1 над Интер во Лигата на шампионите.
33-годишниот Египќанец не настапи против Лидс за време на викендот, а претходно беше резерва на два последовни натпревари. По мечот, Салах упати остри критики кон клубот и кон Слот, изјавувајќи: „Направив толку многу за Ливерпул, а сега ме фрлаат под автобус. Ќе си заминам пред Купот на африканските нации. Не знам што следува.“
Потоа напаѓачот не беше вклучен во составот за гостувањето кај Интер.
Ливерпул одговори на сите проблеми со победа над Интер на „Сан Сиро“, со мала помош и од ВАР во клучните моменти.
„Јас ги одвојувам тие работи. За играчите беше многу тешко да примат гол во последната минута против Лидс. Буквално не им дадовме ниту една шанса, и тоа беше тешко за да се преживее. Самото тоа беше емотивно, а тоа што следеше потоа исто така беше емотивно“, изјави Слот.
„Во составот имавме 13 играчи со искуство во Премиер лигата или Лигата на шампионите. Го примивме тој гол, а потоа се изговорија многу работи“, додаде Холанѓанецот.
„Обично ваквите ситуации влијаат и на другите играчи, бидејќи Салах има големо влијание и во клубот и врз соиграчите. Затоа никогаш не е пријатно кога се случува нешто со нивен колега“, објасни Слот.
„Разговорот треба да се води за тоа што го направивме во Милано. Но, целосно разбирам дека на прес-конференцијата во петок сите прашања ќе бидат за Мо“, призна менаџерот.
„Секој прави грешки во животот, но прашањето е дали играчот сфаќа дека згрешил? Дали иницијативата треба да дојде од него или од мене? Тоа е друго прашање“, заклучи Слот, со што јасно даде до знаење дека очекува извинување од Салах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













